Поведена истрага против двајца за пронајдено оружје и муниција во Чифлик

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 5 декември бил извршен претрес во домовите на двајцата осомничени во селото Чифлик, при што кај првиот осомничен било пронајдено огнено оружје – пушка Mannlicher STEYR M-95 со калибар 7,9 мм како и 75 куршуми од тој калибар. Кај вториот осомничен, пак, била пронајдена рамка за автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм.

За двајцата осомничени на возраст од 57 и 67 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор. Ваквиот предлог беше поднесен бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот