Потврдено: Јошко Миленкоски по освојувањето на грчкиот куп ќе биде селектор на Македонија!
Најдобриот одбојкарски тренер, Јошко Миленкоски по 15 години се враќа на кормилото на на македонската репрезентација.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Оваа информација вечерва во гостувањето на „ТВ 24“ ја потврди претседателот на федерацијата, Петар Јовановски. Миленкоски 11 години беше селектор на Македонија од 1997 до 2008 година и во Македонија се враќа од Грција каде што го водеше ПАОК и неодамна стигна до трофејот во Купот.
Миленкоски се враќа токму пред Европското првенство на кое Македонија е ко-организатор заедно со Италија, Бугариај и Израел.
„Можам да потврдам дека имаме нов селектор, го одбраме најдоброт и тоа е македонски производ. Нов селектор на одбојкарската репрезентација ќе биде Јошко Миленкоски. Мислам дека сите заедно созревавме, најдовме одлично решение и спремни го очекуваме Европското првенство“, изјави Јовановски.
Во минатото Миленкоски беше тренер на Борец, Работнички, Будванска Ривера, Сфаксиен, Малија Мили Пијанго, Зиран Банка Анакара, Фионикас и Сирос. Еден период беше и селектор на Турција.


