ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: „Ова бебе сум јас, а тоа околу мене се иглите на мајка ми“ (ФОТО)
Една тинејџерка на Редит објавила фотографија, со која најточно го доловува животот и детството со мајка зависник.
„Ова сум јас на 18 месеци и да, тоа околу мене се игли и да, така ни изгледаше целата куќа“, напишала таа.
Преку „Imgur“ објавила уште неколку фотографии, на кои се гледаат и нејзините браќа и сестри, како и многу ѓубре, валкан кревет, секакви лекови…
Фотографиите ги снимил нејзиниот тогаш 16-годишен брат кој станал свесен за тоа што им се случува. Сликите ги покажал на наставничката, која пак веднаш се јавила во службите за заштита на децата.
Сите деца биле предадени во згрижувачки семејства, а подоцна и посвоени.
Нивната пајка пушела цигари, пиела алкохол и користела наркотици во текот на сите бремености. Во нивниот дом секогаш имало отпад, куп играчки, нечисти кревети, скршени стакла, игли и шприцеви, фолии…
За жал и двајцата биолошки родители на девојката веќе се починати. Таткото не бил зависник. Девојката страда од посттрауматско стресно нарушување, но и дека се труди минатото што помалку да влијае врз тоа што е таа сега.
Едниот од нејзините браќа денеска е среќно оженет и има деца, а постарата сестра работи како психолог во центар за аутизам.