Потпишан протокол за продолжување на научно-истражувачката соработка со САД

Министерството за образование и наука денеска потпиша Протокол за продолжување на научно-истражувачката соработка со САД.

Со Протоколот се предвидува претставници од академската, научната и научно-истражувачката фела од двете држави да продолжат да реализираат заеднички проекти, да имаат истражувачки посети и заеднички да користат сопсвремена научна опрема и технологија. Документот предвидува да продолжи и соработката на ниво на институции, агенции и универзитети.

Протоколот го потпишаа министерот за образование и наука Арбер Адеми и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс.

Министерот Адеми вети лична и институционална заложба за што поголема ефективност и ефикасност на соработката во следниот период.

– Ова е голема чест за нашата земја затоа што ја добиваме довербата од една од највлијателните и најразвиените светски земји од сите аспекти. Земја која е извор на иновации и пронајдоци на сите полиња и која може многу да ни помогне да ги оствариме стратешките национални приоритети поврзани со визијата за подобро утре на нашите граѓани, односно визијата за создавање на општество на знаење и иновации- рече Адеми.

Според американската амбасадорка, двете држави демонстрираат извонредна научна соработка веќе две децении за што потврда се инвестираните околу 60 милиони долари од страна на САД за подобрување на пристапот и квалитетот на основното образование, како и програмата за научно-истражувачка размена во чии рамки од 2009 година се обезбедуваат средства за размена на студенти.

– Ова се само неколку примери на програми што ги овозможува Американската амбасада и САД во областа на науката во Северна Македонија, а со потпишувањето на денешниот протокол се надевам дека ќе продолжиме и во иднина со соработка- рече амбасадорката Брнс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот