Постхумно признание за д-р Трајче Нешковски од неговите сограѓани од Гостивар

Советот на општина Гостивар ја поддржа иницијативата на градоначалникот, Арбен Таравари шестмина доктори да бидат прогласени за почесни граѓани, а меѓу нив вакво признание постхумно доби и починатиот доктор Трајче Нешковски.

Младиот д-р Нешковски беше специјалист интернист во Клиниката за пулмоалергологија каде лекуваше болни од ковид, но неговиот живот ненадејно згасна минатиот месец.

Покрај него за почесни граѓани на Гостивар се прогласени уште пет доктори кои се грижат за пациенти заболени од коронавирусот – инфектолозите Фадил Цана, Илир Демири, Ратко Наумовски, Енес Мемети и Месут Хасипи.

Признанието „почесен граѓанин” свечено ќе им биде врачено на 23 декември на Денот на општина Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот