Поставено ново улично осветлување во неколку населби во Илинден
Нови линии на улично осветлување се поставени во повеќе населени места на територија на општина Илинден со вкупна должина од околу 1660 метри, во рамките на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ново осветлување доби населеното место Кадино на улица „8“ во должина од 300 метри, населбата Јака на улица „108“ во должина од 300 метри, населено место Мршевци на улица „1“ во должина од 300 метри, Дељадровци на улица „1“ во должина од 180 мести, Миладиновци на улица „1“ во должина од 100 метри, Мралино кај кошаркарско игралиште во должина од 80 метри, како и Марино на краци од улица „500“ и улица „540“ во должина од 400 метри.
Како што информираат од Општината, екипите на ЈКП „Илинден“ покрај активностите за поставување нови линии за улично осветлување, вршат и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места пришто се вградуваат нови.


