Падната бандера остави без осветлување улица во Жданец
Поради паѓање на бандера на улица Теодосиј Синаитски во населбата Жданец, граѓаните кои живеат таму останаа без улично осветлување. Како што информираа од Општина Карпош, екипите за одржување на уличното осветлување ќе излезат на терен и ќе го санираат дефектот во најкус можен рок.

