Ново улично осветлување во Карпош, досега се поставени околу 2000 ЛЕД светилки

Фото: Општина Карпош

На територијата на општина Карпош во тек е замена на постоечкото улично осветлување со ЛЕД светилки и имплементација на систем за автоматско управување со осветлувањето.

Според информациите од Карпош досега се поставени повеќе од 2.000 лед светилки во населбите Влае 1, Влае 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 1, Тафталиџе 2 и Владо Тасевски.

Согласно планот за работа, изведувачот на проектот до крајот на јуни треба да заврши со монтирање на уште толку ЛЕД светла во останатите урбани заедници во општината, со што со ново улично осветлување ќе биде покриена целата територија на општина Карпош – велат од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот