Ново улично осветлување во Јака и Бујковци во општина Илинден

Фото: Општина Илинден

Општина Илинден и годинава продолжува со реализација на проектот „Илинден-светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Во рамките на овој проект поставене ново улично осветлување во повеќе населени места на територија на општина Илинден со вкупна должина од околу 1300 метри. Поставена е нова линија во Јака на дел од улиците „103“, „112“, „114“, „116“ и дел од улица „118“. Во населено место Бујковци поставена е нова линија на улица „6“ во должина од 250 метри.

Екипите на ЈКП „Илинден“ покрај овие активностите, вршат и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места пришто се вградуваат нови.

Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот