Поставени околу 550 заштитни столпчиња на повеќе градски улици

Фото: ЈП „Улици и патишта“

Изминатиов период екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња на повеќе фреквентни градските сообраќајници каде е констатирано дека тоа е неопходно. Така, на улицата Московска се поставени 345 заштитни столбови по целата должина на улицата, на булевар АСНОМ 60 – тина, а 140 заштитни столпчиња се поставени и на реконструираната улица Даме Груев. Вчера столпчиња доби и улицата Антон Попов, а во наредниот период, како што најавуваат од претпријатието, ќе продолжат со овие активности и на други улици за коишто Град Скопје има дадено налог за работа.

Санацијата на оштетените заштитни столпчиња се одвива редовно, како дел од тековните активности на претпријатието за одржување на сообраќајната опрема на патиштата и е со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како и за спречување на непрописно паркирање на возилата – велат од „Улици и патишта“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот