Посебен сообраќаен режим во Скопје, ќе се трча хуманитарна трка

Хуманитарна ИТ трка на СОС Детско село/Фото: Плакат

Во организација на СОС Детско село денеска ќе се одржи хуманитарна ИТ трка на која ќе учествуваат вработени од ИТ компании.

Трката ќе почне во 9 часот од вело патеката на Кејот на Вардар кај хотелот „Александар Палас”, а ќе заврши кај паркот Авионче во Ново Лисиче околу 12 часот.

На финишот на трката ќе се одржи едночасовен настан чија цел ќе биде да се зближат учесниците на трката со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.

Поради трката во главниот град, од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

– Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември”, во близина на хотелот „Александар Палас”, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров”, во близина на хотел „Хилтон”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот