Португалија ја претстави агендата за време на претседателството со ЕУ: Преговарачката рамка за С. Македонија меѓу приоритетите

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Португалскиот министер за надворешни работи, Августо Сантош Силва во Европскиот парламент изјави дека целите на неговата земја како претседавач во Европската Унија (ЕУ) во областа на проширувањето се „прилично амбициозни”.

– Ние сакаме да придонесеме за одобрување на преговарачките рамките со Северна Македонија и со Албанија и да ги продолжиме тековните преговори со Србија и со Црна Гора, изјави Сантош Силва во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ).

Неколку европратеници посочија дека ЕУ не смее да ги заборави БиХ и Косово, како и на пречките и проблемите што Бугарија, како што рече членката на АФЕТ, Изабел Сантош, и ги поставува на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Европратеникот Андор Дели ги посочи разликите во пристапот кон процесот на проширување меѓу Советот и Европскиот парламент и го праша португалскиот министер „што ќе направи за да се забрза спроведувањето на новата методологија за преговори“.

– Ниту една измена од оваа методологија не е воведена, кажа Дели, додавајќи дека се „потребни позитивни пораки за да се забрза процесот на проширување”.

Европратеникот Андреас Шидер праша „на кој начин ќе се работи за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија“,  но, исто така, рече дека е заинтересиран што ќе се случи со дијалогот меѓу Косово и Србија.

– Мислам дека е важно Европа да го преземе водството во тој дијалог, кажа европратеникот.

Одговарајќи на прашањата на пратениците, Сантош Силва кажа дека „прашањата меѓу Северна Македонија и Бугарија мора да бидат решени“, бидејќи тоа „се одразува на ЕУ во целина”, дека тие се надеваат на напредок во тој процес и дека одлуките од минатата година во врска со отворањето на преговорите со Северна Македонија и со Албанија треба да се спроведат.

Тој, исто така, оцени дека на Брисел му е драго што новата влада во Србија презела одредени обврски и дека ја поздравува посветеноста кон процесот на евроинтеграција и дијалогот со Косово. Тој ја истакна „големата важност” на дијалогот меѓу Србија и Косово.

Во врска со новата методологија за проширување, Сантош Силва кажа дека смета дека таа „веќе е добро интегрирана во тековните преговори со Србија и со Црна Гора”.

Португалскиот шеф на дипломатијата, исто така, посочи дека ЕУ нема да ги заборави БиХ и Косово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот