Португалија го освои трофејот во Лигата на нации (ВИДЕО)

twitter.com/uefaeuro

Португалците го освоија трофејот, но овој Фајнал фор од Лигата „А“ нема никаква поврзаност со додатните квалификации за Европското првенство.

Во нив ќе играат репрезентациите од Лигата „А“ кои не обезбедија директен пласман низ квалификациите.

Теоретски ако не обезбедат пласман, во плеј-офот повторно би можеле да се сретнат Португалија, Холандија, Англија и Швајцарија.

Португалците како и во мечот против Швајцарците во полуфиналето, доминираа, беа поопасни од противникот кој дури во 57 минута посериозно се закануваше.

Стрелец на единствениот гол на вечерашниот дуел беше Гедеш во 60 минута после асистенцијата на Силва.

Да додадеме уште дека во малото финале за третото место Англија на пенали беше подобра од селекцијата на Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот