Португалци и Турци за Шкупи и Силекс, ЦСКА Софија ја чека Струга Трим Лум

Фото: facebook.com/Fcstruga

Денеска со жрепка трите македонски екипи Шкупи, Силекс и Струга Трим Лум ги дознаа противниците во второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.

Вчера нашите претставници ги дознаа противниците во првото квалификациско коло каде ќе се соочат со Лапи (Косово), Лиепаја (Летонија), односно Петрокуб (Молдавија).

Доколку Шкупи слави против Лапи, во следното коло тимот од Чаир ќе ги одмери силите против Санта Клара од Португалија.

Потоа, Силекс, освојувачот на Купот на Македонија доколку биде подобар во дуелите со молдавскиот Петрокуб за ривал во второто коло ќе го има Сиваспор од Турција.

И последниот наш претставник кој дебитира на меѓународната сцена, Струга Трим Лум доколку слави над Лиепаја од Летонија, во следната фаза ќе игра против ЦСКА Софија од Бугарија.

Првите натпревари од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА ќе бидат одржани на 22 јули, а седум дена подоцна се реванш средбите.

Шкупи, Силекс и Струга ги дознаа ривалите во УЕФА конференциската лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот