Порази за младинските селекции на Македонија во натпреварите со Франција и Холандија
Двете младински репрезентации на Македонија кои денеска имаа настапи во елитните квалификации за Европското првенство забележаа порази.
Препорачано
Фудбалерите до 17 години беа поразени од Франција со 2-1, иако први дојдоа до предност. Џангаровски во 22. минута реализираше пенал за водство, но радоста траеше кратко, Франција веќе во следниот напад израмни преку Лофондоу. Конечниот резултат беше поставен по еден час игра, кога Амауч погоди за пресврт и победа на „триколорите“. За оваа генерација, ова беше втор пораз, по стартниот од Германија со идентични 2-1.
Ниту селекцијата до 19 години не успеа да приреди изненадување, откако убедливо загуби од Холандија со 4-0. Противникот доминираше во текот на целиот натпревар и со по два гола во двете полувремиња рутински стигна до триумфот. Најрасположен беше Рулен со хет-трик, додека еден погодок додаде Беренс.
За репрезентацијата до 19 години ова беше прв пораз во групата, откако на стартот одигра реми против Фарски Острови, а во конкуренција е и селекцијата на Молдавија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
26мин
-
43мин
-
45мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


