Поранешното момче на Ким Кардашијан со нови обвинувања против неа и мајка ѝ: „Тие шират лажна приказна две децении“
Американскиот рапер Реј Џеј продолжува да тврди дека Ким Кардашијан и Крис Џенер се одговорни за протекувањето на озлогласената интимна снимка, откако ѕвездите на реалните шоуа го тужеа за клевета.
Препорачано
„Тужбата на Ким Кардашијан и Крис Џенер не е за клевета, туку за публицитет, моќ и казнување“, се наведува во судските документи, пишуваат странските медиуми.
Во документацијата, поднесена од неговиот адвокат, Реј тврди дека Џенер и Кардашијан две децении „ширеле лажна приказна“ дека снимката која Ким ја направила со него била објавена без нејзина согласност. Тој истакнува дека снимката од 2006 година била направена доброволно, а тврди и дека Кардашијан во тоа време му рекла дека мајка ѝ треба да биде задолжена за нејзиното објавување.
Раперот тврди дека Кардашијан и нејзината мајка се „бесни“ затоа што тој веќе не сака да биде дел од нивната „лажна приказна“. Пејачот дополнително наведува дека Џенер, Кардашијан и нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест лажно го обвиниле дека ја сексуално вознемирувал старлетата додека спиела. Покрај тоа, тврди дека го обвинувале и за објавување одмаздничка порнографија и изнуда.
Кога преку адвокат им возвратил, семејството Кардашијан-Џенер и нивната продуцентска куќа наводно се договориле Кардашијан да му исплати шест милиони долари. Во договорот стоело и дека во нивното ријалити-шоу повеќе нема да ја спомнуваат снимката. Но, раперот тврди дека семејството го прекршило договорот – бидејќи за снимката зборувале во емисијата речиси веднаш по нагодбата.
Адвокатот на раперот навел дека нема да дозволат „Кардашијан и Џенер да го користат правосудниот систем за да ги избегнат своите договорни обврски и да го жртвуваат Реј Џеј на олтарот на славата“.
По поднесувањето на документите, се огласи и Алекс Спиро, адвокатот на Џенер и Кардашијан.
„Откако сфати дека го губи случајот и дека го губи тлото под нозете, овој неповрзан и збунувачки обид за одвлекување внимание не претставува закана за никого. Реј Џеј ќе го загуби и овој бесмислен случај“, изјави Спиро.
Мајката и ќерката минатиот месец го тужеа пејачот за клевета, откако тој јавно тврдеше дека соработува со федерални истражители на случај за рекетирање против нив. Во тужбата е наведено дека таква истрага не постои.
„Неспособен да го прифати крајот на краткотрајната врска со госпоѓицата Ким пред повеќе од дваесет години, Реј Џеј постојано се обидува да го поврзе своето име со имињата на тужителките и да ја искористи нивната слава за лична корист“, пишува во документите.
Правниот тим на Кардашијан-Џенер дополнува: „Не постои никаква федерална истрага, ниту една агенција за спроведување на законот не покренала постапка или истрага поврзана со наводно рекетирање против госпоѓата Ким или госпоѓата Џенер, и нема никакви веродостојни докази што ги поддржуваат овие обвиненија“.
Нивниот адвокат додава дека тие никогаш претходно не тужеле за клевета и не дозволувале озборувањата да ги поколебаат, но дека оваа „опасна и целосно лажна обвинение“ не им оставило друг избор.


