Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден мртов

Денеска на паркинг простор во близина на плоштадот во Тетово е пронајдено безживотното телото на Фатмир Тахири ( 57) од Тетово.

Тој е поранешен возач на Хазби Лика, истакнат член на ДУИ. Засега не се знае дали станува збор за убиство или самоубиство.

На телото на покојниот имало прострелна рана од оружје. Мртвото тело крај возилото на жртвата го пронашол неговиот син.

Тахири работел во тетовскиот општински Секторот за урбанизам. Полицијата и обвинител започнаа истрага за утврдување на причината за смртта на Тахири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот