Поранешниот сопруг на Меган Фокс направил вазектомија по раѓањето на неговото петто дете

Фото: Инстаграм/brianaustingreen

Актерот Брајан Остин Грин направи вазектомија по раѓањето на своето петто дете. Ѕвездата од „Беверли Хилс“ го доби синот Зејн со свршеницата Шарна Бурџис во јуни 2022 година. Во неодамнешната епизода на поткастот „Олдиш“, тој изјавил дека од раѓањето на Зејн, тој поинаку гледал на татковството.

– Смешна приказна. Не планирав ниту едно дете. Секој пат беше „Ох, во ред е, можеме ние“. Ги сакам моите деца и никогаш не сум се противел на ниедно од нив, но никогаш не сум доживеал да чекам тест за бременост и да се надевам дека ќе биде позитивен – изјавил Брајан.

Фото: Инстаграм/brianaustingreen

Неговата свршеница изјавила дека би сакала да има повеќе деца, но потоа се сетила дека „имаат четири мали деца дома“ што им прави многу обврски.

– Доколку имав уште едно дете, ќе морав да имам автомобил доволно голем за да собере две детски седишта, а кога патувате, мора да плаќате хотелска соба за сите посебно, авионски билет, тоа е многу. Кога се роди Зејн, реков: „Мислам дека е време да се затвори продавницата“ – рече тој, откривајќи дека направил вазектомија кога Зејн имал само осум недели.

Бурџис ја почитувала неговата одлука.

– Тоа е толку одлична и убава работа што ја направи. Тоа обезбедува утеха и никаков стрес во нашиот сексуален живот. Не мора да се грижиме, што е таков подарок – изјавила таа.

Покрај Зејн, актерот го има и синот Касиус Лијах (21) со поранешната девојка Ванеса Марсил и синовите Ноа Шенон (11), Боди Ренсом (9) и Џорни Ривер (7) со поранешната сопруга Меган Фокс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот