Поранешниот шеф на „Твитер” тврди дека Индија се заканила со забрана на компанијата во земјата

Џек Дорси, основачот на социјалната мрежа Твитер / Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Поранешниот извршен директор на „Твитер”, Џек Дорси, обвини дека индиската влада се заканила дека ќе ја затвори платформата и ќе изврши рација во куќите на вработените во земјата.

Во интервју за американски канал на „Јутуб”, Дорси рече дека Индија побарала отстранување на неколку твитови и профили поврзани со протестот на фармерите во 2020 година.

Од Твитер, исто така, било побарано да ги цензурира новинарите кои ја критикувале владата, рече тој.

Индија ги отфрли обвинувањата и го обвини „Твитер” за кршење на законите.

„Ова е чиста лага… Можеби обид да се исчисти тој многу сомнителен период од историјата на Твитер“, твитна во вторникот федералниот министер Рајеев Чандрашекар.„Никој не отиде во затвор, ниту беше „исклучен“ на Твитер. Режимот на Дорси на Твитер имаше проблем да го прифати суверенитетот на индискиот закон. Се однесуваше како законите на Индија да не важат за него“.

Коментарите на Дорси – дадени за американската серија вести „Брејкинг Поинтс” – се најнови во веќе проблематичните односи меѓу владата на партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на премиерот Нарендра Моди и „Твитер”.

Тоа, исто така, доаѓа во време кога платформата е фатена во интензивна дебата за нејзината улога во поддршката на принципите на слободата на говорот во услови на барања во неколку земји да го контролираат влијанието на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот