Поранешниот шеф на турската дипломатија Чавушоглу учествуваше на панел на Меѓународниот балкански универзитет
Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) соопшти дека денеска беше домаќин на Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Турција, кој учествуваше на панел-дискусија со наслов „Геополитика, дипломатија и правни рамки за регионална соработка на Балканот”.
Препорачано
Според ИБУ, настанот собрал разновидна и влијателна публика, вклучувајќи го и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, заедно со пратеници, дипломати, претставници на невладини организации и академици од целиот регион.
„Како главен говорник, г. Чавушоглу ја воодушеви публиката со своето длабинско знаење од меѓународните односи и регионалната дипломатија. Изнесувајќи искуства од неговата обемна дипломатска кариера, тој понуди детална перспектива за геополитичките предизвици и можности на Балканот, нагласувајќи ја важноста на правната соработка, културниот дијалог и регионалната солидарност“, пишува во соопштението од универзитетот.


