Поранешниот премиер на Австралија се правдаше за тајното раководење со пет министерства

Премиерот на Австралија Скот Морисон/ Фото: ЕОА

Поранешниот австралиски премиер Скот Морисон денеска изјави дека тајно раководел со пет клучни министерства за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи верувал дека одговорноста за нацијата е само негова.

Морисон, кој се повлече од лидерската функција во Либералната партија по поразот на општите избори во мај, пред медиумите одговараше на прашања во врска со критиките што на негова адреса ја упатуваа лабуристите, но и негови сопартијци, за неумерено практикување извршни функции без преседан.

„Управував со бродот среде бура”, им рече Морисон на новинарите, потсетувајќи на 2020 година и пандемијата на коронавирусот. „Како премиер, само јас можев вистински да ја разберам тежината на одговорноста и да го понесам товарот врз свои рамења”, рече тој.

Морисон изјави дека тој не ги „презел” министерствата и не се мешал во работата на ниту еден од министрите, освен во еден случај кога одбил проект за гасовод.

Актуелниот премиер Ентони Албанесе рече дека Морисон го нападнал Вестминстерскиот систем на владеење со тоа што тајно се назначил себеси за шеф на пет ресори во 2020-2021 година, вклучувајќи ги внатрешните работи, трезорот, здравството, финансиите и ресурсите.

Тројца од министрите рекоа дека воопшто и не знаеле дека Морисон е „колегата” што раководи со нивните министерства, се додека тоа не беше обелоденето оваа седмица.

„Фактот што министрите не беа информирани за овие работи е всушност доказ дека не се мешав во нивните активности”, рече Морисон.

Претходно денеска гувернерот Џим Чалмерс го нарече „диктаторско” однесувањето на Морисон, истакнувајќи дека тест за лидерот на либералната опозиција Питер Датон ќе биде тоа дали Морисон ќе ја задржи функцијата во Парламентот.

Морисон своите постапки уште еднаш ги правдаше велејќи дека овластувањата за вонредни состојби што тој ги презел биле воведени од демократски избран премиер (т.е. од самиот себе) и во согласност со законот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот