Алваро Урибе / Фото EPA-EFE/Carlos Ortega

Поранешниот колумбиски претседател осуден на 12 години домашен притвор

Поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе е осуден во петокot на 12 години домашен притвор за фалсификување сведоци и измама за време на судска истрага, со што стана првиот поранешен шеф на држава осуден и лишен од слобода во Колумбија, изјави за АФП извор близок до случајот.

На 73-годишниот конзервативен поранешен лидер, кој владееше со својата земја од 2002 до 2010 година, му беше забрането да извршува каква било јавна функција повеќе од осум години, според судски документ што протече во печатот, чија автентичност ја потврди извор близок до случајот, кој побара да не биде именуван.

Алваро Урибе беше прогласен за виновен во понеделникот за обид за притисок врз сведок да избегне поврзување со екстремно десничарски паравоени групи вклучени во крвавата војна против герилците, на првото судење на поранешен колумбиски претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот