Поранешниот адвокат на Трамп: Тој лаже, нема повторно да се кандидира за претседател

Мајкл Кохен и Доналд Трамп
Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен и Донал Трамп/ Фото Колаж на СП/ EPA

Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Доналд Трамп изјави дека поранешниот претседател на САД нема повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Како гостин на телевизијата Ен-Би-Си, Коен изјави дека Трамп само го мами американскиот народ и неговите поддржувачи за да „им испратат пари“.

Иако Трамп вели дека размислува за тоа. Тоа е само измама. Навистина е неверојатно што луѓето не гледаат што прави тој, рече Коен.

„Најголемото зло во историјата на САД“

Ова треба да биде документарец и да се нарече најголемото зло во историјата на САД,  „големата лага“ на Трамп може да ја искомплицира претседателската кампања, вели тој.

Трамп ги загуби изборите во 2020 година и тој им тврдеше на своите сојузници без никаков доказ дека дезинформациите му помогнале на Џо Бајден да победи.

„Тој не може двапати да тврди дека бил ограбен“

Коен тврди дека ако Трамп навистина се кандидира и повторно загуби, ќе му биде потешко да инсистира на тврдењето дека имало измама. Не може двапати да тврди дека е ограбен, додаде Коен.

Адвокатот вели дека Трамп ќе продолжи со сугестиите до последната секунда, но дека кандидатурата нема да се случи.

Коен, кој некогаш беше дел од блискиот круг на поранешниот претседател, беше осуден на три години затвор во јануари 2018 година, откако се изјасни за виновен за финансиски криминал и го излажа Конгресот за проект за недвижнини во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот