Поранешни членови на култови откриваат морбидни искуства: Не смеевме да јадеме ниту да пиеме

Фото: Принтскрин

Во светот постојат бројни тајни култови чии членови живеат прилично морбидно и во поинаква реалност. Сепак, многумина успеваат да побегнат или да се откажат од таквиот живот, а поранешни членови на култови за BuzzFeed откриваат свои искуства, кои се навистина застрашувачки.

Изгладнување

– Кога бев во култ, исхраната ни беше контролирана. Јадевме кошерска храна, иако се негираше какво било влијание или поврзаност со еврејската вера. Дури и постевме, што значеше дека не смееме да јадеме ниту да пиеме. Секогаш кога раководството сакаше да ги исплаши членовите, тоа се правеше преку прогласување на годишен црквен пост, па потоа се свртувавме кон Бога и баравме решение за своите проблеми. Постевме кога опаѓаа примањата на црквата. Постевме кога лидерите беа болни. Постевме и кога некој ќе умреше – раскажува една жена која порано била член на култ.

Предвидување на крајот на светот

– Родена сум и порасната во заедница која повеќе пати го предвидуваше крајот на светот. Нивното последно предвидување беше за 21 октомври 2011 година. Им ги дадов сите мои пари, кога крајот на светот не се случи, се вработив на две места и се запишав на факулет. Многу други семејства завршија на улица и без работа – раскажува друго лице за сопоменатиот медиуми која исто така порано била член на култ.

Отфрлување на семејството

– Мојата сестра заврши во еден култ. Отиде на одвикнување за религиозниу зависници. Тие ја изолираа од надворешниот свет, ја натераа на црквени ритуали. Неа успеаја да ја убедат дека никој не ја сака и дека родителите и се злобни. Кога се врати, повеќе не беше истата личност – откри брат на поранешна припадничка на култ.

Насилни бунтови

– Кога бев млад, влегов во еден култ. Имаа харизматичен лидер кој тврдеше дека поседува натприродни моќи и ни ветуваше дарови во задгробниот живот. Во тој момент од својот живот, немав многу работи на кои можев да се потпрам, а тој ми даде нешто во што можев да верувам. Како култот стануваше се поголем, така почнувавме да го привлекуваме вниманието кај локалните политилари и власта. Тие беа уморни од моќта која лидерот ја стекна во градот и бараа начин да го срушат. Проповедите на нашиот лидер често беа полни со бес, но еден ден се случи нешто сосема поинакво. Тој ден тој беше насилен и огорчен. Почнаа нереди. Се палеа автомобили, се ограбуваа преодавници и се предизвика општо уништување. Полицијата се појави и не уапси сите на лице место. Ме фатија околу десетина луѓе, а нашиот лидер побегна од местото на настанот пред доаѓањето на полицаерцот – раскажува едно момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот