Поранешната љубовница на Мирослав Илиќ: Ми го загорчуваше животот, ќе објавам книга со сите пикантерии

Мирјана Антоновиќ, поранешната љубовница на српскиот пејач Мирослав Илиќ, планира да објави книга во која ќе ги открие сите пикантерии од судот. Имено, тие водат тешка судска битка, во која таа сака да докаже дека тој е татко на нејзиното дете Девин Антоновиќ.
Како потсетување, Мирјана Антоновиќ и Мирослав Илиќ биле во љубовна врска пред околу 30 години.
„Мирослав прво ме тужеше за демнење, а потоа за издавање информации од судот. И двете тужби завршија во моја корист. Државата ми ги плати сите трошоци“, рекла Антоновиќ, а пренесе „Информер“.

„Имав желба да напишам книга за здравјето и одржувањето на младоста, но сепак ќе напишам една информативна книга за случувањата од судницата, затоа што тоа што ми се случува не може да се измисли. Кога ќе заврши судењето, ќе ја објавам книгата. Таму ќе ги откријам сите работи што ми се случија во текот на судскиот процес, што ни направи Мирослав на мене и на Девин и како ни го загорчи животот. Ако не беше трагично, ќе беше комично“, изјави Антоновиќ за „Информер“.
Судскиот процес меѓу Мирослав Илиќ и Мирјана Антоновиќ е обновен бидејќи пресудата дека пејачот е татко на нејзиниот син била укината во јануари годинава, пишуваат српските медиуми.