Поранешна ѕвезда на Арсенал денес нема речиси ништо: Сопругата го оставила и му ги зела децата, имотот го изгубил
Од врвот на фудбалската сцена до живот исполнет со тешкотии, приказната на Емануел Ебуе е пример за како може да се случи драматичен пад по една голема кариера. Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, кој настапуваше за Арсенал и Галатасарај, денес открива дека останал без речиси ништо.
Препорачано
Во гостување во подкаст, Ебуе искрено зборуваше за проблемите што го следеле во изминатите години. Иако заработи милиони, имаше семејство и имот, денес, како што вели, не може ниту да ги гледа своите деца, Клара, Мае и Матис. Тој се присети на периодот кога требало да потпише за Сандерленд, момент што требало да означи нов почеток, но наместо тоа донел серија проблеми.
„Бев пресреќен, тренерот сакаше да останам две години и сè изгледаше идеално. Но, веднаш по потписот почнаа компликациите“, раскажува Ебуе.
Неговите агенти, според неговите зборови, побарале милион евра провизија, иако, како што тврди, не придонеле за трансферот. Тој одбил да плати, по што случајот завршил пред ФИФА, а епилогот бил едногодишна суспензија.
„Не смеев ниту да тренирам со тимот. Тогаш кариерата почна да оди надолу“, вели тој, додавајќи дека во истиот период се распаднал и неговиот брак.
По раскинувањето на договорот со Сандерленд, се вратил во Турција, каде што, како што открива, живеел повлечено и се криел од јавноста додека траела бракоразводната постапка.
Разводот дополнително ја влошил ситуацијата, Ебуе останал без голем дел од имотот, вклучувајќи куќи и финансии, а на крајот се соочил и со банкрот. Најтешко, како што признава, му паднало тоа што по судска одлука го изгубил контактот со своите деца.
Toм Брејди му направи урнебесна фризура на Ибрахимовиќ (ФОТО+ВИДЕО)
Лудо сценарио во Премиер лигата: Ќе треба да загубат за да обезбедат место во Лигата на шампионите?


