Поранешен косовски министер осуден за доделување дополнителни средства на „Бехтел и Енка“

Фото: Пал Лекај, Фејсбук

Лекај, како шеф на Меѓуминистерскиот совет за изградба на автопатот, го ангажирал својот советник Есет Бериша да преговара за дополнителните трошоци со компанијата. Со помош на Бериша, Лека „целосно го игнорирал“ мислењето на компанијата за надзор на автопатот, Хил Интернационал. Надзорот заклучил дека владата должи околу 14,8 милиони евра на Бехтел и Енка, чии „дополнителни финансиски барања“ ги нарече „целосно неразумни и неприфатливи“.

Основниот суд во Приштина во средата донесе пресуда против поранешниот министер за инфраструктура Пал Лекај и уште тројца функционери во Министерството поради 53 милиони евра, кои косовската влада му ги исплатила на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ заради доцнење во плаќањето за изградбата на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија.

„Судскиот совет ги прогласува за виновни обвинетите: Пал Лекај, Небих Шатри, Есет Бериша и Бесим Тахири. Тие сториле кривично дело злоупотреба на положбата или службено овластување или биле соучесници наведувајќи дека судот го осудува обвинетиот Пал Лекај на затворска казна во траење од три години и осум месеци“, пишува косовскиот весник Коха.

Судот му забрани на Лекај да врши јавни функции во јавната администрација во период од три години и шест месеци по завршувањето на затворската казна.

Лекај, како шеф на Меѓуминистерскиот совет за изградба на автопатот, го ангажирал својот советник Есет Бериша да преговара за дополнителните трошоци со компанијата. Со помош на Бериша, Лека „целосно го игнорирал“ мислењето на компанијата за надзор на автопатот, Хил Интернационал. Надзорот заклучил дека владата должи околу 14,8 милиони евра на Бехтел и Енка, чии „дополнителни финансиски барања“ ги нарече „целосно неразумни и неприфатливи“.

Со криење и непретставување на реалната состојба на другите членови на министерскиот совет, Лекај заедно со Бериша, им претставиле лажни факти… да препорачаат владата да го одобри барањето на „Бехтел и Енка“ за 53,1 милиони евра, за продолжување градежни работи, се вели во обвинението за случајот.

Сите обвинети се изјаснија за невини, а нивните адвокати најавија дека судската одлука ќе ја обжалат пред Апелациониот суд во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот