Поранешен декан на Универзитетот во Винсконсин тврди дека бил отпуштен бидејќи се појавува во порнографски видеа

Универзитетот во Висконсин / Фото Принтскрин јутуб

Поранешнен декан на Универзитетот во Висконсин-Ла Крос, Џо Гоу, изјави дека бил отпуштен од управниот одбор на универзитетот бидејќи на членовите им било непријатно што тој и неговата сопруга произведуваат и се појавуваат во порнографски видеа.

Управниот одбор на Универзитетот во Висконсин, кој надгледува 11 регионални кампуси, гласаше едногласно за време на набрзина свиканата затворена средба во средата за отпуштање на Гоу.

По гласањето, претседателот на Универзитетот во Висконсин Џеј Ротман и претседателката на регентите Карен Волш издадоа изјави во кои велат дека тие дознале за специфичното однесување на Гоу што го подложило универзитетот на „значителна штета на угледот“. Ротман ги нарече постапките на Гоу „одвратни“, а Волс рече дека таа е „згрозена“. Но, ниту еден од нив не понуди детали за наводите.

Гоу изјави за Асошиејтед прес (АП) дека регентите откриле дека тој и неговата сопруга, поранешната професорка на Ла Крос, Кармен Вилсон, продуцирале и се појавувале во порнографски видеа.

Тој тврдеше дека никогаш не го спомнал Ла Крос или неговата улога на универзитетот во ниту едно видео и дека отпуштањето ги прекршило неговите права за слобода на говорот.

„Мојата сопруга и јас живееме во земја каде што имаме прв амандман“, рече тој. „Ние се занимаваме со консензуална сексуалност на возрасните. Регентите претераа со нивната реакција. Тие сигурно не се придржуваат до сопствената посветеност на слободата на говорот или на првиот амандман“.

Гоу, исто така, се пожали дека неговите колеги никогаш не му кажале која политика ја прекршил и дека никогаш не добил сослушување или друга можност да го претстави својот случај. Тој рече дека размислува за тужба.

„Добив мејл минатата ноќ дека сум избркан“, изјави Гоу за АП. „Посакувам да имав можност да имам сослушување. Кога разумните луѓе разбираат што создаваме јас и мојата сопруга, тоа ги смирува“.

Гоу планирал да се пензионира како декан на крајот на пролетниот семестар 2024 година и да премине во улога на предавања на курсеви за комуникација. Но, Ротман во средата вечерта рече дека планира да поднесе жалба со која бара преглед на мандатот на Гоу.

Ротман во мејл до АП објасни дека Гоу не успеал да дејствува како пример за студентите, факултетот и заедницата и погрешно верува дека првиот амандман е еднаков на „бесплатен пропус за да каже или направи нешто што сака“.

„Доброто расудување бара да има и мора да има ограничувања на она што е кажано или направено од поединците на кои им е доверено да ги водат нашите универзитети“, напиша Ротман.

Ротман додаде дека Гоу служел на задоволство на регентите и дека нема право на некој конкретен процес.

„Тоа треба да му биде многу јасно“, рече Ротман.

Гоу добил тешки критики во 2018 година затоа што ја поканил порно актерката Нина Хартли да зборува во Ла Крос. Тој ѝ платил 5.000 долари од студентска такса за да се појави. Реј Крос, тогашниот претседател на универзитетскиот систем, го прекори и регентите одбија да му дадат покачување таа година. Гоу тогаш рече дека ја применувал политиката на системот за слобода на говорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот