Поради забраната за влез на сезонски работници на Германија и се заканува недостиг од овошје и зеленчук

Ние не можеме без сезонските работници. Водам разговори со министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за да најдеме решение за овој проблем, истакна германската министерка за земјоделство Јулија Кликнер.

На Германија и се заканува недостиг од овошје и зеленчук поради забраната за влез на сезонски работници, а германското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека бара начин како на работниците од источниот дел на Европа да им се дозволи да дојдат на работа во земјата.

– Ние не можеме без сезонските работници. Водам разговори со министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за да најдеме решение за овој проблем, истакна германската министерка за земјоделство Јулија Кликнер.

Зехофер минатата недела, согласно мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус, забрани влез во Германија за сезонските работници од источниот дел на Европа, пред се од Романија, Бугарија и Полска.

Министерката објасни дека разговарала со Зехофер во врска со „усогласување на целите” за заштита на населението од зараза, од една страна, и обезбедување на бербата, од друга страна. Таа истакна дека во наоѓањето решение е вклучен и епидемиолошкиот Институт „Роберт Кох”, со цел да се осигура дека сезонските работници не придонесуваат за ширење на заразата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот