Поради пожар втор ден по ред затворен еден од најпрометните аеродроми во Шпанија

Пожарот, кој избувна вчера и чии причини засега се непознати, доведе до евакуација на патниците и персоналот.

Аеродромот во шпанскиот туристички град Аликанте, преку кој многу туристи доаѓаат во регионот крај брегот на Средоземното Море, е затворен и денеска по пожарот на покривот кој сè уште не е целосно изгаснат, објави Аена, компанијата што управува со аеродромот.

– Пожарот е под контрола, но не е изгаснат, противпожарните екипи и натаму работат, изјави портпаролката на Аена.

Таа додаде дека отворањето се очекува подоцна во текот на денот, но не прецизира колку летови се изменети од затворањето на аеродромот.

Пожарот, кој избувна вчера и чии причини засега се непознати, доведе до евакуација на патниците и персоналот, како и откажување на летовите или пренасочување на авионите кон другите аеродроми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот