Поради лекарска грешка ампутирани рацете и нозете на девојче во Британија

лекари
Фото: Pexels

Девојче од Британија било пренесено во ургентен центар со знаци на менингитис и сепса. Имала висока температура, забрзано чукање на срцето, болки во нозете, поспаност и повраќање.

И покрај знаците за предупредување, и бил препишан парацетамол и отпуштена од болница. Неколку часа подоцна, нејзините родители ја вратиле во болница откако добила осип и треска, кога и била дијагностицирана менингококна сепса.

Девојчето било префрлено на одделот за интензивна нега на блиската педијатриска болница каде доживеала откажување на повеќе органи и биле потребни неколку процедури за лекување на инфекцијата.

Подоцна нфекцијата се проширила и морале да и бидат ампутирани сите екстремитети – ампутации на двете нозе над колената и двете раце над лактите, пренесува „Индипендент“.

Семејството на девојчето поднело тужба против болницата, тврдејќи дека би ги избегнале ампутациите доколку и пружеле соодветна нега.

Болницата ја призна одговорноста на сослушувањето во Високиот суд во Лондон во петокот. Судијата Каспар Глин одобри спогодбата која изнесуваше околу 39 милиони фунти (44 милиони евра) – делумно да биде платена паушално, а остатокот во годишни исплати до крајот на животот на девојчето.

-Парите не можат да ви го вратат вашето девојче, но можат да и обезбедат иднина, му рекол судијата на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот