Поради изолацијата алкохолот се попопуларен, сепак една земја спроведува брутална забрана

Некои од земјите во светот воведоа забрана за алкохол, но во некои продавниците за алкохолни пијалоци се уште се отворени.

Дебатата за алкохолот и пандемијата од коронавирусот навистина се заострува – главното прашање е може ли чашка вино на крајот од работниот ден да го ублажи стресот?

Сепак полицијата во Јужна Африка спроведува брутална забрана на секаков вид алкохол. За разлика од овој дел од земјината топка продавниците за алкохолни пијалоци во Северна Америка и поголем дел од Европските земји главно се отворени под истите услови кои важат и за супермаркетите и аптеките.

– За намалување на стресот потребни се прошетка и телесни вежби, но и чашка вино може да помогне во негово намалување, истакнал премиерот на Квебек, Францис Легулт, оправдувајќи ја на тој начин одлуката во Канада продавниците за алкохол да останат отворени.

Спротивно на поголем дел од светот, Канаѓаните не се под забрана за движење, но им се советува да останат во своите домови и социјално да се дистанцираат. Поради ваквите насоки продажбата на алкохол во земјата се зголемила неколкукратно.

– Луѓето купуваат алкохолни пијалаци како секој ден да е викенд или како да се приближува Божик, изјавила Кејтрин Парадис, аналитичар во канадскиот центар за зависности.

Една од причините поради која продавниците за алкохол се уште се отворени, вели Парадис, треба да се побара во фактот дека владата би останала без важен извор на приходи, кои се проценуваат на 411 канадски долари по поединец.

На другата страна од границата, во Њујорк каде е епицентарот на пандемијата во САД, продавниците за алкохол се отворени, а продажбата е неколкукратно зголемена бидејќи властите сметаат дека продажбата на алкохолни пијалаци е „витален“ бизнис.

– На некој начин тоа и помага на економијата, истакнува Стефан Калогридис, претседател на тамошното здружение на продавници за алкохол.

Експертите велат дека и кај зависниците од алкохол наглиот прекин на консумација би предизвикал силна апстиненцијална криза.

Во Франција каде винариите се уште работат, компаниите Пернод Ричард и Бакарди беа први кои дел од своето производство го пренаменија за гелови за дезинфекција.

Во Полска властите за дезинфекција искористиле речиси половина милион литри илегално произведена вотка и чист алкохол, наместо овие количини да бидат уништени.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во борбата против корона вирусот препорачува сауна а потоа и некоја чашка вотка.

На другата страна од светот, во Хонг Конг, властите во сите ресторани и барови го забранија точењето на алкохол тврдејќи дека штети на социјалното дистанцирање.

– Луѓето по консумирањето алкохол стануваат повеќе интимни со што се зголемуваат шансите да се заразат од смртоносниот вирус.

Но најголем проблем претставува тоа што преголемата консумација на алкохол може да доведе до пораст на семејното насилство.

Затоа Гренланд, исто како и Јужна Африка, целосно ја забрани продажбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот