Поради голем број новозаразени со Ковид-19, одложено отворањето на Таџ Махал

Отворањето на Таџ Махал за туристи вчера беше одложено поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во областа околу познатиот споменик.

Во Индија, коронавирусот вчера беше потврден кај 24.850 новозаразени, што е најголемиот дневен пораст од почетокот на пандемијата во земјата. Во истиот период починаа повеќе од 600 луѓе.

Агра, градот во кој се наоѓа Таџ Махал, сè уште е најсериозно погоден град од коронавирус во најнаселената сојузна држава Утар Прадеш.

Властите во државата одлучија да го одложат отворањето на Таџ Махал и другите споменици.

– Отворањето на овие споменици може да го забрза ширењето на Ковид-19, се вели во соопштението на локалната општина.

Заштитените споменици првично се очекуваше за јавноста да бидат отворени на 6 јули.

Во Индија до сега има околу 700.000 заразни и околу 20.000 починати од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот