Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино/Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Поради една револуција на ФИФА, една репрезентација „секогаш“ ќе игра на Мундијалите!?

На ваква голема промена инсистира претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за на Мундијалот да учествуваат и помали репрезентации.

Полека се ближиме до Светското првенство во Катар до кое има уште нешто повеќе од седум месеци до почетокот и ова ќе биде последен пат на истото да учествуваат 32 репрезентации.

Веќе во 2026 година на Мундијалот ќе играат дури 48 селекции, а поради таа одлука на ФИФА практично секогаш една репрезентација би можела да игра на завршните турнири!

Домаќини на СП 2026 се САД, Мексико и Канада, а одлуката на ФИФА да биде првото Светско првенство со дури 48 репрезентации веројатно ќе влијае на една репрезентација повеќе од која било друга.

Нов Зеланд би можел да има најголема корист од ваквите квалификации за СП, бидејќи Океанија ќе добие едно сигурно место на завршниот турнир!

ФИФА одлучи наместо едно место во интерконтиненталниот бараж, Океанија сега да добие директен учесник на турнирот, а бидејќи Новозеланѓаните немаат вистински ривал во тој дел од светот, сега работите за нив се далеку подобри.

Нов Зеланд го доби финалето на турнирот на Соломонските Острови со 5:0 во неодамнешните океански квалификации, а во пет квалификациски натпревари постигна гол разлика 18:1. Поради тоа се уште се во игра за турнирот во Катар, но ќе мора да го минат баражот против Костарика за конечен пласман на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот