Поради една причина Опра Винфри ја отфрли можноста да ѝ биде кума на Лилибет Дијана

Instagram

Легендарната водителка беше главен фаворит за кума на малата Лилибет Дијана, но изгледа дека сепак сака Меган и Хари да ја тргнат од листата на кандидати. Од првиот момент кога принцот Хари и Меган Маркл го објавија раѓањето на својата ќерка Лилибет Дијана, обожавателите на кралското семејство со нетрпение очекуваат повеќе детали за аристократското бебе.

Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор, е второто дете на војводата од Сасекс, и заедно со родителите и братчето Арчи уживаат во семејната идила во вилата во Санта Барбара.

Меган преку „Ватсап“ споделила со кралското семејство фотографии од малата Лилибет, но во медиумите не е споделена ниту една фотографија од најмладата правнука на кралицата. Една од мистериите е и која ќе биде кума на малата Лилибет, за што почнаа многу шпекулации. Но изгледа дека една кандидатка може да се тргне од листата. Имено многумина беа убедени дека по успешното интервју во март, кума ќе ѝ биде Опра Винфри, а таа можност ја најави и пријателот на Меган и Хари, новинарот Омид Скоби.

youtube
Фото: Принтскрин / Youtube

– Ако една од кумовите е Опра, а јас не велам дека е, тогаш можете да разберете зошто тоа можеби сакаат да го задржат за себе, бидејќи и Опра која ги интервјуираше, е доволно контроверзна самата за себе  – изјави кралскиот биограф за „Сан“.

Но, изгледа дека ова се само шпекулации, бидејќи Опра во интервју за „Entertainment Tonight“ ја отфрли можноста да биде кума.

Не треба да бидам кума. Мислам, кума сум по дефолт. Јас сум им соседка и пријателка – одговори таа на прашањето за кумството и ја откри причината за тоа.

– Мислам дека веројатно ќе им треба некоја помлада личност – процеди низ заби Опра и го насмеа водителот Кевин Фрејзер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот