Поради божиќните фотки на Ким Кардашијан колапс на социјалните мрежи

Instagram

Ким Кардашијан ја продолжи традицијата и еден ден после Божиќ објави фотографии од прославата на празникот. Нејзините божиќни фотографии за само неколку часа собраа повеќе од 1,5 милиони лајкови.

Фустанот на Ким, иако многумина го споредуваат со рибина крлушка, одлично ѝ стои, а фризурата и шминката ѝ се беспрекорни. Синовуите Сејнт, Чикаго и Пслам се интересно стилизирани, а го следат стилот на татко им Канје Вест.

Instagram

А малечката Норт Вест (6) е облечена и нашминкана како да е возрасна. Иако Ким постојано истакнува дека Норт е паметна и зрела како да има повеќе од шест години, многумина се прашуваат дали мора и да изгледа како да е повозрасна. Веројатно девојчето на лицето има „детска“ шминка, но сепак светската јавност го поставува прашањето, зошто децата воопшто треба да се шминкаат?

Точно е дека девојчињата сакаат да се шминкаат и така ги имитираат своите мајки, но едно е игра, а друго форсирање.

View this post on Instagram

Christmas Eve 2019

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот