Попович нема мир, сега и Лаури го откажа настапот на Мундобаскетот – Слободен печат
КошаркаСпорт

Попович нема мир, сега и Лаури го откажа настапот на Мундобаскетот

Плејмејкерот на Торонто поради повреда нема да може да настапи за репрезентацијата на САД на Светското првенство во Кина.

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, нема мир на подготовките поради многуте откажувања од НБА ѕвездите и секојдневното намалување на репрезентативци на подготовките стана навика.

Откако вчера, по само еден ден на подготовките се повлече кошаркарот на Сакраменто кингс, Марвин Бегли, денеска селекторот Попович остана без еден од најискусните играчи, Кајл Лаури од Торонто репторс.

Лаури не успеа навреме да се рехабилитира од операцијата на палецот на левата рака. наиде на нов проблем во пресрет на Мундобаскетот кој ќе се одржи во Кинда. Американските медиуми потврдија лоша вест, Кајл Лаури го откажа својот настап поради ненавремено закрепнување од операцијата на палецот.

 

– Секогаш сум уживал играјќи за САД, но овојпат ќе морам да седам дома и да навивам – напиша Лаури на својот профил на Инстаграм.

Со отказот на Лаури, се очекува предводник на репрезентацијата на САД на Светското првенство во Кина да биде Кемба Вокер од Бостон селтикс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close