Попладне во планинските подрачја пороен дожд и грмежи

Грмежливо време/Фото:EPA

Времето денеска претпладне беше сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне кон
планинските делови со услови за краткотрајна нестабилност. Tемпературата се очекува да достигне до 29 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува во среда и четврток. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот