Поп Ацев: За доброто на сите, сегашните базени треба да се одржуваат во континуитет!

пливање зимско првенство
фото: Национална пливачка федерација

Пливањето е една од најдобрите активности со која можете само да му помогнете на своето тело. Можеби еден од најтешките, но и дефинитивно еден од најздравите спортови.

Има многу луѓе кои сакаат да пливаат, професионално или рекреативно, голем е и интересот во Македонија, а во овој момент владее хаос поради неработењето на базените и неможноста да се извршува нормален тренажен процес. Ова е оцена на претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.

Нашиот пливачки маратонец и воедно трикратен шампион на светската серија на ултрамаратони на ФИНА, Евгениј Поп Ацев исто така изразува загриженост околу ситуацијата со базените и вели дека треба да се обезбедат потребните услови за тренирање.

– Секако дека треба континуирано да се одржуваат сегашните базени, и не само тоа, моментално на Македонија ѝ требаат нови базени. Со базените што ги имаме и да работат постојано не се доволно за потребите на два милионска држава. Пливањето е базичен спорт и треба цело население да има можност да плива – ни изјави Поп Ацев.

Тој вели дека бенефитите за децата и за рекреативците се огромни, а моментално има навистина преголема заинтересираност за овој спорт, односно базените се преполни.

– Што се однесува за професионалните спортисти, без постојани добри услови за тренирање едноставно нема никакви шанси да се мерат со пливачи од други земји. Спортот и рекреацијата се многу важни за развојот на младите во општеството, а базените се јадро на тоа.

Колку и да се инвестира, крајната добивка секогаш ќе биде голема. Затоа мора да се изнајде начин постојните базени да останат во функција низ цела година, но и да се зголемат нивните капацитети за доброто на сите нас – се зборовите на Поп Ацев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот