Понеделничка програма на 18. CINEDAYS

Болка и слава
Еве ја понеделничката програма на 18. CINEDAYS.
КИНО МИЛЕНИУМ

 

17:30 ДЕВА

режија: Петра Чокс | *ГАЛА премиера*

Во малото романско гратче Дева, Като, тинејџерка што живее во сиропиталиште, ја удира струја додека си ја суши косата. Оваа навидум банална случка сосема ги менува нештата околу неа. Во сиропиталиштето доаѓаат електричари, а новата волонтерка Боги доаѓа да помогне при воспоставувањето ред. Като толку многу ќе се опседне со неа што почнува да ги преиспитува сопствените погледи на светот.

20:00 БОЛКА И СЛАВА

режија: Педро Алмодовар | *ГАЛА премиера*

Салвадор Маљо, филмски режисер на постари години, доживува низа повторни средби. Некои од нив се во живо, други пак се спомени. Неговото детство во шеесеттите години на минатиот век, кога се доселил со родителите во едно село во Валенсија во потрага по подобар живот; првата симпатија; првата љубов во Мадрид во осумдесеттите години и болката на раскинувањето на врската додека неговата љубов сѐ уште била жива и силна; пишувањето како единствената терапија да се заборави тоа што не се заборава; неговите почетоци со филмот; и бескрајната празнина што ја открива неможноста да продолжи да снима филмови. Преку потсетувањето на минатото, Салвадор ја наоѓа силната потреба да го раскаже и во таа потреба го пронаоѓа и сопствениот спас.

22:00 ЗА БЕСКОНЕЧНОСТА

режија: Рој Андресон * Гала пргорама *

Отсликување на човековиот живот во сета негова убавина и суровост, неговиот раскош и баналност. Талкаме, како низ сон, нежно водени од нашиот наратор во стилот на Шехерезада. Неважни моменти се прикажани со еднакво значење како важни историски настани: пар лебди над разрушениот Келн; на пат кон роденденска забава, еден татко застанува да ги врзе врвците на неговата ќерка среде дожд; девојки тинејџерки танцуваат пред кафуле; поразена војска маршира кон воен логор. Истовремено и ода и тажачка. „Во Бесконечноста“ претставува калеидоскоп на сѐ што е вечно човечко, бескрајна приказна за ранливоста на постоењето.

15:00 МЛАДИОТ АХМЕД *реприза*

режија: Жан Пиер Дарден, Лук Дарден

Белгиски тинејџер кова план да ја убие неговата наставничка откако ќе прифати екстремистичко толкување на Куранот.

Како љубовта кон животот може да ја порази неговата желба да убие некого?

КИНО ФРОСИНА

17:00 ПОЛУСЕСТРА

режија: Дамјан Козоле | *МК во ЕУ*

„Полусестра“ е приказна за две отуѓени полусестри од крајбрежниот град Изола, кои по долги години без гледање и комуникација, околностите ќе ги принудат да делат мал стан во Љубљана.

19:00 НЕОНСКИ СРЦА

режија: Ана Јакимска | *МК кратки*

Петар е средовечен возач на камион, кој поминува многу време на пат, далеку од дома и семејството. На патот, каде што никој не го познава, тој е слободен да биде тоа што е и да живее како што сака, без осудувања. Но, една ноќ кога се враќа од тура во Букурешт, дознава дека син му исчезнал. Решен е да го најде и да го врати, без разлика на последиците.

19:15 ДУШИЧКА

режија: Мундија Модур *Официјална селекција*

Алжир, деведесеттите години на минатиот век. Неџма, осумнаесетгодишна студентка со страст за моден дизајн одбива да дозволи трагичните настани од Алжирската граѓанска војна да ја попречат во секојдневниот живот и ноќните излегувања со нејзината другарка Васила. Како што општеството станува сѐ поконзервативно, таа ги одбива новите забрани поставени од радикалите и решава да се бори за својата слобода и независност преку поставување модна ревија.

21:00 КЕИФ

режија: Блаже Дулев *Музички документарни филмови*

Македонската чалгија е вкоренета во музичкиот код на многу генерации. Оваа музика претставува основа и структура за многу современи музички форми и исто така претставува карактеристичен феномен што го спојува фолклорот со наследството на музичката традиција на Истанбул, т.е. со византиската црковна музика и со класичната отоманска во еднo, кореспондирајќи со осмогласието и макамскиот систем. Филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.

ЏЕБНО КИНО

19:00 СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА

22:00 ЖИТИЕТО НА БРАЈАН

режија: Тери Гилиам, Тери Џоунс

Брајан Коен е обичен млад Евреин, но преку низа смешни настани добива репутација на Месија. Кога не ги избегнува своите следбеници или не се расправа со неговата крескава мајка, несреќниот Брајан е принуден да се спротивстави на расипаниот Понтиј Пилат и членовите опседнати со акроними на едно сепаратистичко движење. Проткаена со препознатливата апсурдност на Монти Пајтон, приказната на Брајан почнува да тече според библиската традиција, но со многу повеќе смеа.

22:30 | бифе

cinEmusic: ЧАЛГИИ МЕРАК

13:00 ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА | Горно фоаје (МКЦ)

Презентација на “White Rabbit”: Потпомагач на трансакции за меѓународна дистрибуција на филмови од Алан Р. Милиган (CEO и основач на “White Rabbit”)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот