ФОТОГАЛЕРИЈА | „Приказна се чита“
Под слоганот „Приказна се чита“, од вчера почна годинашното издание на Саемот на книга, кое ќе трае до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Организаторите велат дека речиси сите издавачки куќи и писатели од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите. Исто така, Саемот е надополнет со повеќе издавачи од регионот – Србија, Турција, Албанија, Косово и други. Погледнете ја атмосферата низ камерата на „Слободен печат“.
Љубителите на пишаниот збор имаат можност за средби со автори но и да ја обноват својата домашна библиотека.