Полска казни трговски синџир со околу 16 милиони долари поради измама на потрошувачи
Полски регулатор ја казни малопродажната група „Биедронка” со околу 16 милиони долари поради погрешно обележување на увезено овошје и зеленчук, како да се одгледуваат во Полска.
Препорачано
„Биедронка” (полски: бубамара) е најголемиот синџир супермаркети и дисконтни продавници во Полска со 2.823 продавници и 67.000 вработени. Тој е сопственост на португалската група „Жеронимо Мартинс”.
Регулаторот УОКиК оцени дека потрошувачите кои сакале да купат домашни производи во „Биедронка” биле во заблуда, со образложение дека се измамени од производите како што се белгиски моркови и украински краставици, кои биле обележани како полски.
– Во продавниците на „Биедронка” потрошувачите кои сакаа да купат полски компир, домат или јаболки честопати беа во заблуда. Овие прекршувања се систематски и траат долго, изјави претседателот на УОКиК, Томаш Хрожни.
Полската Влада ги поттикнува граѓаните да купуваат домашни производи за поддршка на економијата во текот на кризата поради коронавирусот.


