Полјаците купуваат имоти во Саранда на албанското крајбрежје

Плажа во Саранда, Албанија/ фото: Драган Митрески

Во последните десетина години, полските државјани инвестираа во недвижен имот во јужниот крајбрежен град во Албанија, Саранда. Достапните цени, долгото, сончево лето и морскиот брег се дел од причините кои ги натераа Полјаците да купуваат имот на југот на Албанија.

Пред 5 години, Томас од Полска реши да купи стан во Саранда.

Разумните цени, морето и долгото лето биле главните причини поради кој тој и неговото семејство се населиле во Саранда каде планира да го помине остатокот од животот.

„Решивме да купиме стан пред 5 години и една од причините беа поволните цени за нас во тоа време, бидејќи сега се зголемуваат низ цела Европа. Цените овде се пониски отколку во Полска“, рече тој.

По проучувањето на градот и пазарот на недвижности, Томас вели дека тој и неговото семејство размислуваат да инвестираат во купување на други станови, со оглед на тоа што цените во другите европски земји се многу повисоки.

„Размислувам да инвестирам во имот или да купам поголема куќа за да живеам бидејќи јас и мојата сопруга размислуваме да живееме овде. Ние сме на таа возраст кога сакаме да живееме некаде, а не да работиме“, рече тој.

Според Бледи Мулаи, агент за недвижнини во крајбрежниот град, Полјаците станале број 1 купувачи на станови и бизниси.

„Има зголемување на полските клиенти. Тие веќе создадоа своја заедница овде“, рече тој.

Поскапувањето на имотите во Саранда за 30-40% Полјаците  го сметаат како прифатливо.

Со купувањето на имоти, Полјаците се претворија во вистинска заедница на југот, додека бројот на овие граѓани кои го посетуваат јонскиот брег се очекува сè повеќе се зголемува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот