Политико за изборите: Победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе влијае на односите со Грција и Бугарија и ќе го искомплицира влезот во ЕУ

Политико за изборите во Македонија/Фото: Скриншот

Победата на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ може да ја искомплицира целта на Северна Македонија за влез во ЕУ и да влијае на односите со соседите Бугарија и Грција, пишува Политико.

-Конзервативната партија во Северна Македонија треба да се врати на власт по седум години, постигнувајќи големи победи на парламентарните и претседателските избори во среда. Исходот се очекува дополнително да ја искомплицира долгогодишната амбиција на Северна Македонија за пристапување во Европската унија, како и нејзините односи со соседните Бугарија и Грција, пишува Политико во краткиот осврт синоќа по првичните изборни резултати од двојните избори.

Изданието нагласува дека на парламентарните избори победничката партија ВМРО-ДПМНЕ според првичните резултати од Државната изборна комисија освоила 59 пратенички места во парламентот, а Гордана Силјановска-Давкова, ќе стане првата жена претседателка во земјата со „главно церемонијална функција“.

-Гласачите во малата балканска земја со 2 милиони жители изразија фрустрација поради корупцијата, бавното темпо на реформите и бавниот напредок на кандидатурата на Северна Македонија за влез во Европската унија. Во 2018 година земјата постигна историски договор, менувајќи го името и уставот и ставајќи крај на деценискиот спор со Грција. Договорот му овозможи на Скопје да влезе во НАТО во 2020 година; Меѓутоа, во последните две години, Бугарија ја блокираше кандидатурата на Северна Македонија за ЕУ, барајќи да се измени нејзиниот устав за да се признае бугарското малцинство во земјата, потсетува Политико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот