Политико: Сирски има репутација на „касап“, украинските војници очајни поради неговото назначување

Олександр Сирски / Фото: Ukrinform / Shutterstock Editorial / Profimedia

Многу припаднци на украинските воени сили со очај реагираа на одлуката на украинскиот претседател Володимир Заленски да воведе значителни промени во армијата со назначувањето на Олександр Сирски за врховен командант, наведува Политико.

„Сирски сите ќе не убие “, изјави еден украински војник, кој, како и другите негови соборци , даде изјава за „Политико“ под услов да остане анонимен.

Сирски, кој до четвртокот беше командант на копнените сили на Украина, има репутација на тврдоглав генерал од советската ера, кој ги става во опасност своите луѓе за да ги постигне своите воени цели, изјави лице запознаено со неговиот „стил на работа“, пренесува овој медиум.

Олександр Сирски / Фото Ukrinform / Avalon / Profimedia

Тврдењето, продолжува Политико, е поддржано од фактот дека Сирски ја надгледувал минатогодишната деветмесечна одбрана на Бахмут, каде што украинските војници претрпеа големи загуби од Русите (кои исто така претрпеа огромни жртви) пред да бидат принудени да го напуштат градот.

Ова му го донесе на Сирски застрашувачкиот прекар „ касап “.

Откако слушна за неговото назначување, еден украински војник твитна порака во групниот разговор на ветераните на Бахмут:

„Сите сме измамени.

Друг офицер објави на X дека раководството на Сирски „е корумпирано, неговото присуство или наредби ги деморализираат војниците и ја поткопуваат довербата во командата воопшто“. Неговото немилосрдно стремење кон тактички придобивки постојано ги исцрпува нашите човечки ресурси и резултира со тактички напредок, како што е заземање на дрвореди или мали села, без оперативни цели со памет“.

Зеленски и Залужни / Фото Профимедиа

Ова ниту од далеку не е реакцијата на која се надеваше Зеленски кога го отстрани од оваа функција популарниот генерал Валериј Залужни.

„Кога претседателот го праша Залузни кој треба да остане и да биде унапреден, тој го именуваше Сирски како еден од најискусните генерали“, рече претставник на кабинетот на Зеленски.

Во петокот, Сирски ги изложи своите планови и директно изрази загриженост околу успехот со воените операции со кои ќе треба да раководи.

„Животот и здравјето на војниците отсекогаш биле и се главната вредност на украинската армија. Затоа, одржувањето на рамнотежа меѓу извршувањето на борбените мисии и надополнувањето на единиците и обуката на персоналот е поважно од кога било“, рече тој.

Се чинеше дека Сирски и Залужни се на иста линија и се согласуваат во овој поглед, пишува Политико.

Залужни не беше достапен за коментар , но во интервју дадено за Економист во декември 2022 година, тој рече дека верува во квалитетите на Сирски.

„Ако ми каже дека му треба друга бригада, тоа значи дека му треба друга бригада. Сигурно не мислам дека сум најпаметен овде. Морам и ќе ги слушам тие што се на терен. Затоа што иницијативата постои“, изјави тогач Залужни.

Александар Сирски, ФОТО/ mind.ua

Сирски е искусен генерал кој служел во украинската армија од распадот на СССР, учествувал во војната во Донбас во 2014 година против Русија и нејзините локални поддржувачи, а претседателот на Украина го гледа како одговорен за успешна одбрана на Киев и регионот Харков во 2022 година.

Ова се и кампањите во кои Залужни доби бројни пофалби.

„Тој е одговорен за тоа што армијата го одби првичниот руски напад, а потоа зазеде 50 отсто од територијата што ја зазедоа Русите“, рече Едвард Арнолд од институтот Ројал Јунајтед Сервис (Royal United Service)

Тој додаде:

„Тој покажа способност да планира операции на национално ниво…имаше огромно влијание врз војната.

Сепак, имаше несогласувања околу начинот на кој Залужни јавно се разликуваше со Зеленски околу водењето на војната и неговата неспособност да постигне напредок против Русите во минатогодишната разочарувачка контраофанзива.

„Зеленски бараше да ги има во увид воените планови, но сè што слушна беше: „Дајте ни уште војници и милиони артилериски гранати“, рече претставник на кабинетот на претседателот.

Ова врши огромен притисок врз Сирски да го промени начинот на водење на војската и да ја промени динамиката на бојното поле.

Олександр Сирски и Володимир Зеленски / Фото: Ukraine Presidential Press Servi / Zuma Press / Profimedia

Проблематично преземање

„Наследникот на Залузни наследува многу предизвици“, оцени Дара Масикот, експерт за војна во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир.

За Зеленски клучно е да има врховен командант кој е синхронизиран со политичкото раководство на земјата, потсетува Политико.

Една од првите задачи на Сирски ќе биде да се погрижи промената на раководството да не го наруши моралот, кој станува се понизок додека се зголемуваат жртвите, сојузниците се колебаат, а Москва не покажува знаци на повлекување од војната.

Залужни беше „лепилото што ја држеше украинската армија заедно, а за неговиот наследник ќе биде потребно време“, вели Арнолд.

Сирски исто така ќе треба да го подобри начинот на кој функционира војската.

Клучните предизвици се подобрената организација, обука и логистика – кои потоа можат да бидат искористени од понапредната опрема и оружје на сојузниците, рече австрискиот воен аналитичар Том Купер.

„Со сета почит, со или без Залужни, тоа се трите главни проблеми на украинската армија. „Дури и две години по почетокот на инвазијата, ништо од тоа не функционира добро, а подобрувањата забележани досега остануваат релативно минимални“, додаде Купер.

Украински генерал Олександр Сирски со војниците / Фото EPA-EFE/YEVGEN HONCHARENKO

Сирски тоа сам го кажа во петокот:

„Познавањето на сите потреби на фронтот без исклучок и совладувањето на состојбите во секоја негова област е задача на штабот на сите нивоа.

Тој, исто така, повика на употреба на напредна технологија како што се беспилотни летала кои им овозможиле на украинските војници да ги одбијат руските напади, и покрај недостатокот на артилериска муниција.

Но, на крајот, највисокото политичко раководство на земјата ќе ја сноси вината за поразот и ќе ја добие заслугата за победата – а одлуката на Зеленски да го отпушти Залужни целосно го става исходот од војната на неговите раменици.

„Се разбира, ако ситуацијата на фронтот се влоши, вината ќе ја преземе Зеленски. Луѓето ќе кажат, сè беше добро кога Залужни владееше со армијата“, оцени украинскиот политички аналитичар Володимир Фесенко.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот