„Политико“: Гренел го одбил Трамп за функцијата директор на националната разузнавачка служба

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Поранешниот директор на американската Национална разузнавачка служба, Ричард Гренел, ја одбил понудата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повторно да ја преземе функцијата, објави американскиот сајт „Политико“, повикувајќи се на извори.

Според извештаите, и покрај неговите обиди да стане државен секретар, вклучувајќи ја и поддршката од конзервативците влијателни на социјалните мрежи, Трамп го избра сенаторот Марко Рубио за таа функција.

Гренел, познат по својата лојалност кон Трамп, останува близок соработник, а изворите велат дека би можел да добие понуда за уште една важна позиција доколку одлучи да ја прифати.

За време на последниот предизборен митинг на Трамп во Мичиген, Трамп го пофали Гренел, истакнувајќи го неговиот придонес како амбасадор во Германија и специјален пратеник за односите меѓу Белград и Приштина, пренесува Танјуг.

„Иако тој беше клучен сојузник на кампањата на Трамп, неговата репутација на „тешка личност“ и деловните врски со странство, вклучително и проектите во Белград, се сметаа за потенцијални пречки за неговото назначување за државен секретар“, пишува Политико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот