Николас Мадуро, претседател на Венецуела/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Политичките затвореници од времето на Чавез и на Мадуро на слобода – Венецуела објави план за масовна амнестија

Претседателката на Венецуела Делси Родригез објави предлог за масовна амнестија во земјата, во нејзината најнова значајна реформа по соборувањето на Николас Мадуро од страна на САД пред само неколку недели, објавуваат странските медиуми.

Во говорот пред Врховниот суд на Венецуела, на кој присуствуваа високи владини претставници, Делси Родригез рече дека ќе предложи „општ закон за амнестија што ќе го опфати целиот период на политичко насилство од 1999 година до денес“.

Левичарскиот револуционер Уго Чавез ја презеде претседателската функција во 1999 година, а по неговата смрт во 2013 година беше наследен од Мадуро, кој раководеше со сè поавторитарна влада и чии два реизбора беа широко отфрлени како лажни.

„Овој закон ќе послужи за заздравување на раните оставени од политичката конфронтација, поттикнати од насилство и екстремизам. Тој ќе ни овозможи да ја вратиме правдата на вистинскиот пат во нашата земја“, рече Родригез, најавувајќи и „големи национални консултации за нов судски систем“.

Таа, исто така, објави планови за затворање на озлогласениот затвор Ел Хеликоиде во Каракас, каде што групите за човекови права велат дека политичките затвореници биле мачени од разузнавачките служби на Мадуро.

„Огромниот објект, првично изграден како трговски центар, ќе биде претворен во „спортски, културен и комерцијален центар за полициски семејства и соседни заедници“, рече Родригез.

Опозициските личности во Венецуела изразија резервиран оптимизам во врска со промените, загрижени дека најблиските сојузници на Мадуро остануваат на власт.

Добитничката на Нобеловата награда за мир и лидерка на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, во петокот изјави дека предлогот за амнестија на Родригез дошол дури откако таа била притисната од Вашингтон.

„Ова не е доброволен гест од страна на режимот, туку одговор на притисокот од владата на Соединетите Американски Држави. И се надевам дека затворениците наскоро ќе можат да бидат со своите семејства“, објави таа на социјалните мрежи.

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот