-1 C
Скопје

Поликарп ја промовира програмата за градоначалник на Штип: Спортски комплекс, затворен пазар, концертна сала

Кандидатот за градоначалник од Интегра-Македонска кознервативна партија, Симон Поликарп денеска ја презентира својата програма за градоначалник на Штип. Порача дека меѓу првите приоритети во неговата програма е да се изгради нов спортски комплекс во Штип.

– Прво би било нов спортски комплекс и второ би било олимписки базен. Штип со својата позиција е важно место во источна Македонија и според нас би требало да има модерен спортски комплекс, базен и сето тоа оди во рамките на развојот на спортот во градот и општината Штип, вели Поликарп.

Забележа дека во спортскиот комплекс е предвидена и паркинг гаража, а спортската сала да биде со капацитет за 6.000 гледачи.

– За да го подобриме изгледот на Штип ќе создаваме и услови за нови, модерни населби, а не да се живее во стари куќи. На овој начин Штип ќе има модерен лик. Има потреба и за нов затворен пазар, ако Штип е центар на регионот треба да има помодерен пазар со сите услови, каде што луѓето ќе можат да ги пласираат своите производи и за купувачи и за продавачи, вели Поликарп.

Посочи дека меѓу приоритетите му е изградба и на нова концертна сала, во којашто би се одржувал фестивалот „Макфест”, а со тоа како што вели би станал и интернационален.

– Интегра футуристички гледа и тоа напред, а концертната сала, како надвор, така и внатре би имал футуристички изглед, во склад со времето во кое живееме, рече Поликарп.

Смета дека е време и да изгради студентски град во Штип, а во него би ги имал сите содржини за живот и едукација на студентите.

На прес конференцијата се обрати и претседателот на Интегра, Љупчо Ристевски, кој говореше како што рече, за бугарско велепредавство на Владата на СДСМ и на премиерот Зоран Заев.

Посочи дека бугарската држава се меша во внатрешните работи на една суверена држава што е, како што вели, класично кршење на Виенската конвенција и флагрантен упад во внатрешните работи на една земја.

– Вториот елемент каде што тие имаат навлезено во жива кал е постоење сериозни елементи на иредентизам, односно територијални претензии, а аргументот за тоа е нивното постојано инсистирање на терминот администрирање на територијата на Македонија за време на Втората светска војна, вели Ристевски.

Тој го повтори својот став дека опозицијата во Собранитето треба да излезе и да создаде парламентарна криза, но и да се седне на заедничка маса и да се направи договор за да се турне актуелната Влада.

Прочитајте и...  Под мотото „Трчаме и рецитираме“: Трка на поезијата на 23 мај во Струга

Поврзани вести

Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Љубов на прв поглед

Слободен печат

Четвртиот пакет ги исклучи оние од третиот: Од 78.000 приговори за помош од 6.000 денари, прифатени само 2.132!

Соња Кириџиевска

Палењето знаме е примитивизам што треба да се казни

Соња Христовска Угриновска

На денешен ден – 16 јануари

Марина Дамческа

Денеска се празнува споменот на последниот од Пророците

Слободен печат

Остави Коментар