Полициска интервенција во домот на Амди Бајрам, се слушала гласна музика и огномети

Синот на пратеникот Амди Бајрам, Елвис Бајрам, е во групата пријавени во скопската полиција затоа што синоќа околу 23 часот во својот дом организирал забава и пукал огномети, објави Телма.

Од СВР-Скопје за Телма потврдиле дека по пријава на вознемирени граѓани интервенирала полицијата и дека за случајот е поднесена пријава за сторен прекршок за дело „неовластена употреба на пиротехнички средства“.

Како што пренесе Телма, од домот на Бајрам ечела и гласна музика, се слушале зурли и тапани, а на крај бил активиран и моќен огномет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот