Полициска акција во струшко, во нива пронајдени муниција, гранати и ракетни фрлачи

Фото: Фронтлајн

Во нива меѓу струшките села Франгово и Калишта полицијата нашла муниција, гранати и ракетни фрлачи. Оружјето било најдено денеска околу пладне по претходни оперативни сознанија, пренесе Фронтлајн.

Откако се добиени оперативни сознанија од теренот, македонската полиција утринава пронашла сандаци со муниција во кои имало и РПГ гранати.

Во моментов, во тек е ископувањето каде што првично е пронајдено оружјето и муницијата. Само до овој момент се пронајдени 30 сандаци со муниција, во кои имало и неверојатни 100 ракетни гранати и 16 рачни ракетни лансери.

Ископувањето на оружјето и муницијата е во тек, а се очекува иофицијално соопштение од МВР.

 

Фото: Фронтлајн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот